Грузија треба да се плаши, Мусовски е во страшна форма, го реши и дербито во ЛА (Видео)

Даниел Мусовски, кој наскоро треба да дебитира за македонската фудбалска репрезентација, игра во добра форма, а својот петти гол сезонава за ФК Лос Анџелес го постигна во градското дерби против Галакси. Мусовски со убав, голгетерски гол во 59-тата минута го отвори резултатот, а 12 минути подоцна беше повлечен од игра.

Конечните 2-0 ги постави еден од најдобрите играчи во МЛС, Мексиканецот Карлос Вела. Лос Анџелес е на петто место на Западот, а Галакси по заминувањето на Златан Ибрахимовиќ, бележи многу послаби резултати.

Дани Мусовски на 13 меча даде пет гола во МЛС и во моментов е можеби наш најрасположен голгетер, па селекторот Игор Ангеловски ќе треба да размисли кому да му даде доверба да биде стартер против Грузија во мечот кој може да ја однесе Македонија на ЕП.

Ова е голот на Мусовски во градското дерби:

- Оглас -

Најнови вести