Ѓургарден против Еребро оди на бодови за титула, Малме и АИК чекаат чудо

Брага – Санта Клара (фудбал, Португалија, 21.15 часот)

Брага сезонава игра под очекувањата, се наоѓа дури на 12-тото место на табелата. Сепак, почнуваат да бележат резултати какви што посакуваа, значително ја подобрија формата и имаат четири победи по ред во сите натпреварувања, сосе онаа над Бешикташ среде Истанбул. Мечевите на Санта Клара се неефикасни (во седум кола има гол-разлика 4-4), девет од последните десет им завршија со 0-2 гола. Најреално е да се типува на минимална победа на домашните.

Предлог тип: 1 & 0-3 гола (2.18)

 

Башакшехир – Трабзонспор (фудбал, Турција, 18.00 часот)

Истанбулскиот тим по очајниот старт, почнува да се крева. Има четири победи по ред, од кои две во турската лига. Трабзон никогаш не победил на гости кај Башакшехир, а четири од петте нивни последни пресметки, завршија со 0-2 гола. Традицијата е на страна на домашните, а и расположението е попозитивно кај нив, со оглед на тоа дека Трабзон загуби и во Лигата на Европа. Но, гостите ако победат, ќе избијат на првото место и тоа им е голем мотив.

Предлог тип: ГГ (1.65)

 

Ѓургарден – Еребро (фудбал, Шведска, 19.00 часот)

На два меча до крајот на сезоната, Ѓургарден има златна шанса за да направи решавачки чекор кон титулата. Ако победи против Еребро, Ѓургарден во последното коло ќе влезе со предност од три бода во однос на конкурентот за титулата и само чудо ќе може да им го спречи славењето на трофејот. Еребро е во средина, нема да испадне, нема да игра во Европа, па и да извлече реми, би било чудо.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.67)

 

Малме – АИК (фудбал, Шведска, 19.00 часот)

Малме и и АИК ќе чекаат кикс на Ѓургарден, па со три бода, подобриот би останал во трка за титулата. Тука мора да има победник, со нерешено и едните и другите отпаѓаат од трка за шампион на Шведска. Последните седум меѓусебни дуели на Малме и АИК беа со 0-2 гола, а последните четири меча им завршија нерешено. Овојпат реми би било катастрофа, иако и победа не им гарантира ништо, туку задржување на теоретските шанси за титула.

Предлог тип: ГГ (2.02)

 

Архус – Копенхаген (фудбал, Данска, 19.00 часот)

Копенхаген мора да победи ако сака да остане во трка со лидерот Митјиланд, кој почна сериозно да се одлепува (бега седум бода, но има и меч повеќе). Копенхаген игра солидно на гости, ремизираше и со Динамо во Киев. Кога играат овие два тима, често (на последните четири дуели) има голови на двете страни. Архус во моментов има два порази по ред, а десет години нема победа над Копенхаген.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Башакшехир – Трабзонспор 1Х & ГГ (2.25)

Архус – Копенхаген Х2 & 2-4 (2.25)

Брага – Санта Клара Т1 3-5 (2.90)

- Оглас -

Најнови вести