Гвардиола: Ако некој фудбалер мисли дека титулата веќе е наша, нема да игра!

Манчестер сити е на прагот да си ја врати титулата во Премиер лигата, има цели 12 бода пред второпласираниот Манчестер јунајтед на 12 кола до крајот на сезоната, но менаџерот Пеп Гвардиола вели дека не смее да има ниту една секунда опуштање и им се закани на неговите фудбалери дека ако некој од нив помисли дека титулата е веќе освоена, нема да игра.

Вечерва од 21 часот, Граѓаните го пречекуваат Вулверхемптон и ако дојдат со 21-вата победа по ред во сите натпреварувања, може привремено да отидат на плус 15 пред Црвените ѓаволи, со кои играат в недела.

„Не смееме да бидеме релаксирани ниту една секунда, иако деновиве во Манчестер е сончево. Тоа го барам од моите играчи. Ако некој мисли дека работата е завршена, нема да игра. Видовме како Ливерпул, кој има неверојатен тим, четири-пет меча по ред не успеваше да победи, тоа може да ни се случи и на нам, веќе ни се случи на почетокот на сезонава, затоа мора да бидеме внимателни. Има уште доста да се игра, пред нас се два тешки меча“, вели Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести