Гвардиола: Ако во Премиер лигата не играме според планот, ни проестанува само една работа

Манчестер сити и Ливерпул водат голема битка за тоа кој ќе ја освои титулата во Премиер лигата. Во моментов, сити е лидер со 77, додека тимот од „Енфилд“ заостанува само еден бод по 32 одиграни натпревари.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола даде интересна изјава за медиумите.

„Играчите знаат дека треба да ги победиме сите натпревари во Премиер лигата. Ако го сториме тоа, тогаш сме шампиони. Но, ако не играме според планот, тогаш ни преостанува да му аплаудираме на Ливерпул“ изјави Гвардиола.

До крајот на сезоната, актуелниот првак ќе игра против Ватфорд (дома), Лидс (гости), Њукасл (дома), Вест Хем (гости), Астон Вила (дома).

- Оглас -

Најнови вести