Познато е против кого ќе игра ТФТ во финалето на АБА 2 лигата, ако се пласира таму

Екипата на Широки е прв финалист во кошаркарската АБА 2 лига. Претставникот на Босна и Херцеговина, во полуфиналето со 2-0 во победи го елиминираше словенечки Хелиос. Вечерва Широки како гостин славеше со 84-80.

Во другото полуфинале играат скопски ТФТ и Сутјеска, нашиот тим води со 1-0 по победата на гости. Ако лидерот во македонската Суперлига слави утре и во вториот меч од тоа полуфинале, ќе се најде во големото финале и ќе има шанса да се пласира во главната јадранска лига. Шампионот на АБА 2 оди директно во главната АБА додека поразениот финалист ќе игра бараж со претпоследниот од АБА.

- Оглас -

Најнови вести