Гвардиола: Добро е што не изгубивме

По пауза од две и пол години, градските ривали од Манчестер ремизираа без голови во дербито кое се одигра претходно вечерва во рамките од 12-тото коло во Премиер лигата.

На „Олд трафорд“ недостасуваа атракции и возбудливи моменти, Јунајтед и Сити повеќе се трудеа да го одбранат својот гол, отколку да најдат начин како да дојдат до победа.

Пеп Гвардиола очигледно е задоволен со освоениот бод, со оглед на тоа дека Граѓаните на последното гостување кај соседот загубија.

„Добро е што не изгубивме. Последниот пат кога гостувавме на „Олд трафорд“, Јунајтед беше доминантен и надмоќен во секој поглед. Тешко е да се победи на овој стадион, иако секако посакував да заминеме од тука со цел плен. Доста важно е што успеавме да ја сочуваме мрежата, а воедно го онеспособивме противникот да се закани од ситуации во кој е најопасен, како прекини и контра-напади. За нас овој бод е добар, не знам како се чувствуваат соседите“, истакна Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести