Гвардиола доживеа историски пораз на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед по трет пат за четири месеци го победи градскиот ривал Манчестер сити, а тоа значи и историски поразителен податок за трофејниот тренер на гостите, Пеп Гвардиола. На шпанскиот стратег никогаш претходно во кариерата не му се случило во една сезона да претрпе три пораз од еден ривал.

Ниту како тренер на Барселона, ниту како предводник на Баерн Минхен, а и до сега како тренер на Чело на Сити, се немаше најдено тим кој три пати ќе го победи тимот на Гвардиола во една сезона. На Црвените ѓаволи тоа им успеа за само четири месеци.

На 7 декември минатата година, Сити го пречека Јунајтед во дуел од првенството, а гостите победија со 2:1, што беше изненадување за многумина. Градските ривали се судрија и во Лига Купот на Англија и во јануари одиграа два меча. Граѓаните се радуваа на поминување во следната фаза откако на „Олд Трафорд“ славеа со 3:1, а потоа дома загубија минимално со 1:0.

Вечерва на „Олд Трафорд“, најтрофејниот англиски клуб со по еден гол во двете полувремиња повторно го матираше составот на Гвардиола, а шпанскиот стратег по трет пат сезонава требаше да му честита на Оле Гунар Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести