27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Гвардиола ги потврди црните прогнози

Манчестер сити во трката за лидерското место во Премиер лига во следните неколку недели ќе мора да игра без најдобриот фудбалер Кевин де Бројне. Менаџерот Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција потврди дека повредата на Де Бројне на последниот меч против Астон вила е сериозна и дека го чека подолга пауза.

„По последните прегледи, докторите рекоа дека Кевин ќе мора да паузира во следните четири до шест недели. Тој е значаен играч во нашиот тим, но ние мора да најдеме соодветно решение“, соопшти Гвардиола пред дуелот против Чалтенам во ФА купот.

И без Де Бројне, Граѓаните без многу мака треба да го поминат ова коло во ФА купот, но потоа следува борба за првото место во Премиер лигата. Сити моментно е втор со 38 бода од 18 меча, додека лидерот Манчестер јунајтед има 40 бода од 19 средби. Во следниот меч од првенството Граѓаните ќе гостуваат кај ВБА.

 

- Оглас -

Најнови вести