Гвардиола го води најскапиот тим во Европа

Манчестер сити е најскап тим во Европа според дата-базата која ја води веб-страницата „Трансфермаркт“. Избраниците на Пеп Гвардиола имаат вкупна вредност од 1.280.000.000 евра. Граѓаните се пред шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, разликата е околу 100 милиони евра, а потоа следува европскиот првак Ливерпул со 1.070.000.000 евра.

Во топ-10 уште се: ПСЖ, Тотенхем, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Јувентус и Челзи. Иако Англичаните доминираат на оваа листа со четири екипи, меѓу нив го нема Манчестер јунајтед. Интересно е што тимот на Тотенхем има поголема вредност во однос на Баерн Минхен, ако се знае дека Петлите само пред еден месец загубија 2-7 на домашен терен токму од германскиот шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести