Гвардиола: Јас сум навивач на Барса, мислам дека ќе го победиме Реал Мадрид

Утревечер се враќа елитниот клупски фудбал, се играат два реванши од осминафиналето во Лигата на шампионите, а во Манчестер кај Сити гостува 13-кратниот европски првак Реал Мадрид. Граѓаните имаат голема предност од 2-1 од првиот меч во Мадрид, и со право очекуваат пласман понатаму, иако се свесни кој им гостува и дека Реал сега е многу поопасен отколку во март кога го совладаа.

„Ова ќе биде потполно нова приказна, Реал е целосно поинаков тим. Тие се непредвидливи, ги гледавме нивните мечеви во шпанската лига и видовме дека имаат различен пристап. Имаме план, сакаме да им направиме многу проблеми со квалитетот кој го поседуваме. Куртоа е во добра форма, се надевам дека ќе има многу работа, па нека се покаже. Имам претчувство дека ќе победиме“ – вели Гвардиола кој додаде дека Барселона му е во срцето.

„Барселона е дел од мене, но тоа не значи ништо. И да играме против Барселона, со цело срце би сакал да победам“ – додава популарниот Пеп кој има и позитивни, но и негативни сеќавања од пресметките со Реал во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести