Гвардиола најде решение: Играчите ќе ги ставам во фрижидер!

Манчестер сити ќе има неверојатно згуснат рапоред на мечеви за време на Божиќните и Новогодишните празници. Според распоредот, Граѓаните ќе играат на 27 декември на гости кај Вулверхемптон во 20:45 часот, а потоа на 29 декември ги чека меч против Шефилд на свој терен. Разликата меѓу овие две средби е помалку од 48 часа.

По тој меч со Шефилд, Сити на 1 јануари повторно ќе игра на домашен терен против Евертон. Тоа се вкупно три меча за само пет дена, што е исцрпувачко темпо за играчите. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола најде решение за тоа што треба да направи за играчите да останат свежи за таквите предизвици.

„Нема друго решение освен да ги ставам да седат во фрижидер. Тактиката ќе ја правам додека го отворам фрижидерот да земам јајца за омлет. Не се шегувам, тоа е единствено решение“, рече Гвардиола, кој е лит на челниците на фудбалската федерација на Англија за распоредот кој го доби за „Божиќното лудило“.

Шпанскиот стратег е реален и вели дека Ливерпул засега заслужено е лидер во Премиер лигата.

„Никој во посилните лиги не победил на сите мечеви досега освен Ливерпул. Тие се прваци на Европа, а ние само можеме да ги следиме и да чекаме да направат кикс. Ние освоивме многу трофеи во изминативе години и ќе кажам дека е уште рано. За трофеите се решава во март и април. Тоа се клучни месеци“, додаде Пеп.

 

- Оглас -

Најнови вести