Гвардиола по освојувањето на 32-та титула во кариерата: Чим дадовме гол, знаев дека ќе има пресврт

Пеп Гвардиола стигна до 32-та титула во кариерата во својата 13-годишна тренерска кариера. Пред него се наоѓааат само легендарните Сер Алекс Фергусон и Мирчеа Луческу.

Тој, по денешниот триумф од 3:2 над Астон Вила и третта титула едноподруго во Англија, беше видно возбуден.

Овој тим на Манчестер сити е легендарен, овие играчи исто така се легендарни. Дојдовме до 100 бодови, а последната средба од сезоната е секогаш полна со емоции.

Моментот кога го дадовме голот, знаев дека ќе направиме пресврт. Тоа ни донесе неверојатна енергија, која што ја осетивме и на самите трибини“ изјави Гвардиола.

Сепак, Шпанецот посакува со неговиот тим следната сезона да дојде до титулата во Лигата на шампионите, која што за „граѓаните“ би била прва во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести