Манчестер сити ја прекина серијата од пет порази по ред, но доживеа нов шок откако испушти водство од 3-0 и одигра само 3-3 против Феенорд на домашен терен во Лигата на шампионите. Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, по натпреварот се појави пред новинарите со крвав нос и многу гребаници по лицето, па се обиде да објасни што му се случило.
„На носот се изгребав со ноктот. Сакав да се самоповредам“, рече Гвардиола.
🚨🚨🎙️| Pep Guardiola when asked about the cuts on his nose and head:
“I want to harm myself…” pic.twitter.com/lks7c8gFdI
— CentreGoals. (@centregoals) November 26, 2024
Here is the clip.pic.twitter.com/L6PFy2LLnk
— M¹⁵ (@m15_edits2) November 26, 2024