Гвардиола во паника: „Доведете го во Сити или ќе заврши во Реал Мадрид“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, изненадувачки одлучи да се пензионира од активното играње фудбал, а ваквата одлука според пишувањата на медиумите од Островот предизвикала паника кај Пеп Гвардиола, кој упатил јасна порака до раководството на „граѓаните“. Зборовите на каталонецот биле „довете го во Сити или ќе заврши во Реал Мадрид“.

Оваа порака се однесува за „волшебникот“ од Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, кој е на радарот на „кралевите“, но и на се уште актуелниот европски шампион, Манчестер сити. Според Гвардиола, во Реал Мадрид замената за Крос ја гледаат токму во Вирц, кој веднаш може да добие место и во првата екипа на „кралевите“, а Манчестер сити да има двојна штета од ваквиот трансфер, ем да остане без големо засилување, ем тој да го засили ривалот на европска сцена.

Баер Леверкузен ја постави и цената за која би го ослободиле од обврските, а таа изнесува 120 милиони евра, сума која не би требало да претставува проблем ниту за Манчестер сити, ниту за Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести