Хабиб доби понуда да влезе во фудбалскиот свет, дали ќе ја прифати? (фото)

Непобедниливот УФЦ шампион Хабиб Нурмагомедов, неодамна на „Инстаграм“ објави видео како се подготвува да влезе во фудбалскиот свет преку кое кажа дека е слободен играч и чека понуди.

Не помина многу време, Дагестанецот доби понуда од рускиот третолигаш Камаз, од каде што му нудат да дебитира во најпопуларниот спорт на професионално ниво.

„Ти нудиме шанса да дебитираш во фудбалот како наш член. Во секој натпревар одиме на победа и сме многу амбициозни“, стои во објавата на ФК Камаз.

На Нурмагомедов му е понудено да се појави на тимскиот собир на 12 февруари со цел да може да се подготви за својата прва фудбалска сезона.

- Оглас -

Најнови вести