Хабиб откри кој треба да биде негов наследник во УФЦ

Хабиб Нурмагомедов синоќа го победи Јастин Гејџи, а потоа стави крај на кариерата. Хабиб се повлече како шампион кој никогаш не загубил. Во 29 борби, Дагестанецот се радуваше исто толку пати, но реши дека е време да се повлече.

Главна причина зошто Хабиб си заминува од октагонот е смртта на неговиот татко, кој почина пред неколку месеци од корона-вирусот. Шампионот рече дека сега е време да се посвети повеќе на неговата мајка и дека ќе се врати да живее во планинското село од кое потекнува.

И покрај заминувањето од УФЦ, Хабиб верува дека неговата доминација ќе ја продолжи некој негов близок соработник. Покрај Гејџи, Конор Мекрегор, Дустин Порир, Нурмагомедов верува дека следен шампион ќе биде Ислам Махачев. Тоа е борец кој е многу близок со Хабиб и заедно тренирале.

Махачев, за разлика од Хабиб, веќе има еден пораз во УФЦ, и тоа од Адријано Мартинс со нокаут. Сепак, Махачев покажа квалитет откако пет години немаше ниту еден пораз. Синоќа Махачев требаше да се бори против Рафаел дос Анхос, но мечот беше одложен поради тоа што Бразилецот беше тестиран позитивен на корона-вирусот. Таа борба е презакажана за следниот месец, кога ќе можеме на дело да ги видиме квалитетите на Ислам, можниот наследник на Хабиб.

 

- Оглас -

Најнови вести