Хајдук и Ѕвезда пред 40 години плачеа по него, а за кого навиваше Тито? (Видео)

На денешен ден пред 40 години почина претседателот на поранешна СФР Југославија, Јосип Броз Тито, а „најголемиот син на југословенските народи и народности“, кој некои го доживуваа како вистински лидер и идол, други како диктатор и душман, го сакал и фудбалот. Остана мистеријата за кој тим навивал Тито, никогаш не сакал јавно да каже кој му бил омилен клуб и не им се мешал во работата на клубовите.

Наводно, Тито бил голем фан на сплитскиот Хајдук, иако неговиот внук Јошка Броз еднаш рекол дека сепак Маршалот бил наклонет кон Партиза, затоа што традиционалниот слет кој се одржуваше на Денот на младоста 25 мај, се одржуваше на стадионот „ЈНА“, на којшто игра белградски Партизан.

„Не навивам за ниеден тим, но кога игра репрезентацијата, редовно ги следам натпреварите. Не смеам да бидам навивач. Како тогаш би бил претседател? Мора да навивам за сите наши тимови. Ми се допаѓаат сите, но не ми се допаѓа кога играат грубо“, рекол своевремено Тито.

Но, за време на еден прием, Тито на тогашниот капитен на првакот Хајдук, Драган Холцер, му рекол дека Хајдук бил негов клуб и дека и за време на народноослободителната борба во Втората светска војна, Хајдук бил најдобар тим на овие простори. На истиот прием бил и Драган Џајиќ од Црвена ѕвезда, која го освоила купот истата година. Тито на Џајиќ му честитал за тоа што Ѕвезда е клуб со најмногу навивачи.

На Тито му пречеле инцидентните случаи и трансферите на фудбалерите.

„Не сакам што повремено има нереди. Непријатно ми е, особено кога инцидентите се прават намерно. Тоа не е спортски. Нашите спортисти треба да бидат пример. Не ми се допаѓа ниту таа купопродажба на фудбалерите“, порачал човекот кој 40-тина години беше на власт во државата во чиј склоп беше и Македонија.

Дента кога почина Тито, во Сплит играа дерби Хајдук и Ѕвезда. Средбата беше прекината, фудбалерите плачеа, а од трибините почна песната „Другар Тито, ние ти се колнеме“:

- Оглас -

Најнови вести