Хајдук направи подвиг и го елиминира Манчестер сити!

Младинците на Хајдук Сплит се пласираа во четвртфиналето од младинската Лига на шампиони откако на „Пољуд“ направија големо изненадување и го елиминираа англискиот првак Манчестер сити.

Сити во Сплит пристигна како лидер на табелата во јуниорската Премиер лига и апсолутен фаворит, но тинејџерите на Хајдук покажаа дека нема предавање против никого.

Бодрени од публиката на трибините, Хајдук поведе со голот на брајковиќ во 24-тата минута за ерупција на „Пољуд“. Хајдук продолжи во ист ритам и само девет минути подоцна, нова радост за домаќините. Антуновиќ беше прецизен за 2:0.

До крајот на првото полувреме Сити намали на 1:2, а во второто полувреме гостите доминираа и напаѓаа, но храбрите млади фудбалери на Хајдук успеаја да се одбранат и да ја сочуваат предноста за сензационален триумф од 2:1 и пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести