Хајдук не го искористи киксот на Динамо

Хајдук и Истра во Сплит одиграа 1-1, и тоа е резултат на кој се радуваат во Динамо Загреб и Риека, бидејќи лидерот на табелата во хрватската лига нема да им побегне со поголема разлика.

Хајдук има четири бода плус, но непоразената Риека има и меч помалку, и утре ако го совлада Осиек, ќе дојде на само бод негатива за Белите. Ремито дома со Истра е посебно болен за Хајдук затоа што тоа е тим кој освои само еден бод во претходните три кола и што не му побегнаа на главниот ривал Динамо (Модрите денеска одиграа само 2-2 со Горица) за шест бодови.

Александар Трајковски во игра влезе во 70-та минута (три минути после водството на Истра) и со него на терен, Белите успеаја да постигнат гол со кој се спасија од пораз. Хајдук имаше шанса и да победи во 96-та минута, но Ливаја ја погоди стативата.

- Оглас -

Најнови вести