Хакими: Не гледам зошто да не можеме да ги победиме Шпанците

Мароко сo низа од 10 меча без пораз го чека дуелот против Шпанија во осминафиналето на Светско првенство. Еден од главните адути на Мароко е ѕвездата од ПСЖ, Ашраф Хакими.

Еден од најдобрите десни бекови во светот е полн со оптимизам и верува дека Мароко може да продолжи со настапите на Мундијалот.

„Заслужено е сето тоа што досега го направивме во Катар. Селекторот ни вгради победнички менталитет и знаеме дека можеме уште повеќе од ова. Верувам дека ни Шпанците не се многу воодушевени што играат против нас, па не гледам причина зошто да не може да поминеме понатаму. Играњето за својата земја е посебно чувство, посебно кога имаме можност да испишеме историја“, вели Хакими, кој инаку е роден во Мадрид и има неколку настапи за младинската репрезентација на Шпанија, но сепак потоа се реши да игра за земјата од која потекнува, а тоа е Мароко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести