Халанд блескаше, а по мечот ги изненади сите со изјавата

Ерлинг Халанд е незадржлив во Лигата на шампионите. Тинејџерот во дресот на Борусија Дортмунд синоќа даде два гола во победата против ПСЖ (2:1) и само потврди дека се работи за вонсериски талент. Халанд стана првиот играч кој во една сезона успеал да даде голови во два различни клуба.

Тинејџерот вкупно има 10 погодоци во ЛШ, осум како играч на Салцбург, а два во дресот на Борусија. Иако блеска, Халанд вели дека има уште многу да работи и простор да се надогради.

„Мислам дека можам да оидграм многу подобро. Имам уште многу да работам, да тренирам за да станам многу подобар од ова што сум сега. Сепак, се радувам и на ова што сега го одиграв. Мило ми е што сум избран за играч на мечот, но најважно е што тимот победи. ПСЖ е многу силен противник и ништо не е готово. На реваншот во Париз мора да одиграме многу паметно ако сакаме да се пласираме во следната фаза“, рече Халанд.

Освен фудбалските вештини, Халанд покажа дека е и неверојатно брз. По еден спринт во првото полувреме, само за 10 секунди успеа да го истрча речиси целиот терен, а измерено е дека многу малку фалело да го сруши светскиот рекорд на 60 метри. Спринтот на Халанд може да го видите ТУКА. 

 

- Оглас -

Најнови вести