Халанд молеше за гол, но и без тоа оствари невидена статистика

Ерлинг Халанд не успеа да се запише меѓу стрелците во убедливата победа од 4-0 на Манчестер сити против Брентфорд на „Етихад“, но норвешката гол-машина сепак имаше одличен настап.

Иако звучи чудно, Халанд во околу 75 минути игра имаше само две успешни додавања, со тоа што го намести првиот гол на Гундоган, додека второто успешно додавање му беше при изведувањето од центар за старт на дуелот.

Халанд како никој досега запиша најмал број на додавања како играч на тим кој го води Пеп Гвардиола. Во истиот период Халанд само осумпати ја имаше топката покрај своите нозе.

- Оглас -

Најнови вести