Халанд: Му благодарам на Мбапе што ме мотивираше со неговиот хет-трик

Норвешката машина за давање голови Ерлинг Браут Халанд по триумфот на Борусија Дортмунд над Севилја од 3-2, изјави дека му благодари на Килијан Мбапе, кој со хет-трик на „Камп ноу“ го мотивирал и го инспирирал и тој да одигра добро на гостувањето во Шпанија.

Халанд во Лигата на шампионите има одиграно 13 меча, а постигна неверојатни 17 голови. Само на два меча, еден против Ливерпул и еден против ПСЖ, не успеа да даде гол, на другите 11 средби во најсилното клупско натпреварување даде дури 17 гола. Во просек, Халанд дава гол на секои 55 минути, а има само 20 години.

„Ја сакам Лигата на шампионите. Кога го видов хет-трикот на Мбапе, тоа беше бесплатна мотивација за мене, затоа му благодарам“, изјави Халанд, кој додаде дека секогаш е убаво кога некој те сака и со тоа одговори што мисли за желбата на Реал Мадрид да го види во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести