Халанд промаши пенал, Евертон остана непоразен на „Етихад“ (Видео)

Очајот на Манчестер сити продолжи и на Боксинг деј. Актуелниот шанпион Манчестер сити не успеа да го победи Евертон на „Етихад“ играјќи 1-1. Трагичар е напаѓачот Ерлинг Халанд, кој не успеа да реализира пенал во 53-та минута.

Џордан Пикфорд успеа да го одбрани неговиот удар од 11 метри.

Манчестер сити поведе со голот на Бернардо Силва во 14-тата минута, но Евертон возврати до крајот на првиот дел.

Илиман Ендиаје во 36-тата минута погоди за 1-1, по што Граѓаните не успеаја да стигнат до победа.

- Оглас -

Најнови вести