-0.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Халанд: „Сакам да им се извинам на навивачите, ова беше срамно“

Норвешкиот Бодо/Глимт ја забележа најголемата победа во клупската историја откако на домашен терен славеше над Манчестер сити со 3-1 во меч од Лигата на шампионите. Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, им се извинуваше на навивачите по мечот откако не само што неговата екипа беше поразена, туку и комплетно надиграна на северот од Европа.

„Не сакам никого да обвинам, но мора да преземеме поголема одговорност бидејќи на крајот не е доволно добро. Ние сме Манчестер сити. Не може само да се шетаме по теренот и да не победуваме. Не смее да биде вака, но на крајот е заслужено. Преземаме комплетна одговорност за непостигнувањето голови. Сакам да им се извинам на навивачите кои денес беа на мечот, ова беше срамно. На крајот, Бодо играше неверојатен фудбал и заслужено победи. Не знам што да кажам. Жал ми е“, рече Халанд.

- Оглас -

Најнови вести