Халанд во Сити ќе остане само две години, а потоа заминува во Реал?

Манчестер сити неодамна потврди дека постигна договор со Ерлинг Халанд и дека голгетерот во новата сезона ќе биде играч на англискиот првак. Од деталите кои полека се појавуваат за новиот договор на Халанд е и тоа дека Норвежанецот ќе може да си замине од Сити по само две години.

Тоа би се случило доколку некој клуб реши да плати 150 милиони евра за голгетерот кој се прослави во дресот на Борусија Дортмунд. Целиот трансфер на Халанд од Борусија во Сити треба да чини околу 75 милиони евра, а еден дел од парите ќе одат и на сметката на Салцбург Ред Бул, каде што Халанд првпат ги покажа своите квалитети.

За Халанд интерес покажа и Реал Мадрид, но Кралевите не сакаат да менуваат многу во нападот затоа што сега го имаат фантастичниот Карим Бензема, заедо со младите Винисиус Јуниор и Родриго. Сепак, за две сезони Бензема ќе биде веќе ветеран и најверојатно ќе биде потребна „свежа крв“, а во тој случај Халанд сигурно одлично би им дошол на Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести