Халеп е подобра тенисерка откако си ги намали огромните гради

Романската тенисерка Симона Халеп, која привлекуваше погледи со своите необично големи гради, особено како за спортистка, не беше горда на своето бујно деколте бидејќи тоа ѝ пречеше во играњето тенис. Одлуката да ги оперира градите и да ги намали се покажа како добра за нејзината кариера, бидејќи дојде и до првото место на ВТА-листата, а сега е седма.

Додека многу девојки и жени сакаат да имаат поголеми гради од природните, Симона посакуваше помали, па во 2008 година реши да „легне под нож“.

„Ми беше тешко да играм, не можев брзо да реагирам во некои ситуации. Тежината на градите ме мачеше, ми беше неудобно, ме болеше грбот. И да не играв тенис, ќе се оперирав“, вели Халеп, која има влашко потекло од Македонија.

Таа утре игра во полуфиналето на Вимблдон против Елина Свитолина. Халеп е фаворитка за влез во финалето, а според квотите на обложувалниците Sport Life, таа е втор фаворит за трофејот, зад Серена Вилијамс. Ако се обложите денеска дека Халеп ќе го освои Вимблдон, коефициентот е 2.75.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести