Хамбургер ќе го добие дуелот на некогашните стабилни германски прволигаши

Ница – Лион (фудбал, Куп на Франција, 20.55 часот)

Двата тима негуваат офанзивен стил на игра, па би требало да има доста голови. Ница од последните шест меча дома, загуби само еднаш и притоа даде 14 гола. Лион е во убава серија од шест победи по ред, а на пет од овие шест дуели даваше барем три гола. И традицијата во меѓусебните дуели најавува ефикасност. На четири од последните шест нивни пресметки било „Гол-Гол“и 3+.

Предлог тип: 3+ (1.88)

 

Хамбургер – Нирнберг (фудбал, Германија 2, 20.30 часот)

Хамбургер во декември беше во голема резултатска криза и иако нема победа на последните четири лигашки меча и не знае за победа, се наоѓа само на шест бода од водечката Арминија и меч помалку. Нирнберг е претпоследен, но во претходните две кола освои четири бода. Сепак, Нирнберг не победил на гости уште од септември, а Хамбургер ретко губи дома. Хамбургер во август како гостин славеше со 4-0.

Предлог тип: 1-1 (2.35)

 

Барселона – Леганес (фудбал, Шпански куп, 19.00 часот)

Барса се мачеше во претходното коло од Купот против Ибица, а сега иако има потежок противник, не би требало да има толку проблеми бидејќи игра дома. Каталонците на свој терен се многу поопасни отколку на гости. Леганес по оние 0-0 со Атлетико, ќе се обиде да ја запре и Барселона, но тоа нема да биде лесно. Барса на последните два домашни меѓусебни дуели го победуваше Лега со 3-1. Многу често играле со голови на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.71)

 

Макаби Тел Авив – Реал Мадрид (кошарка, Евролига, 20.05 часот)

Реал врза три порази по ред и го загуби чекорот со лидерот Ефес, но и натаму е на делба на втората позиција со ЦСКА и Барселона. Веднаш зад нив е Макаби, кој иако има повредени играчи, добро се држи, а неодамна се засилија со Амаре Стадемаер. Макаби сезонава во Евролигата нема пораз на домашен терен и би требало да ја искористи кризата во Реал, но подобро е да се игра на плус поени отколку на конечен тип.

Предлог тип: >162.5 (1.85)

 

Олимпијакос – Басконија (кошарка, Евролига, 18.00 часот)

Басконија во октомври го победи Олимпијакос со 82-66, сега Грците имаат шанса за реванш и веројатно ќе ја искористат бидеји играат дома и Баскијците имаат повредени играчи. Двата тима имаат по 8-13 и двата тима имаат 2-3 на послединте пет меча. Басконија во 2007 година (тогаш клубот играше под името Тау Керамика) последен пат славела во „Мир и пријателство“, каде што билансот е 16-3 за Олимпијакос.

Предлог тип: 1 (1.47)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Барселона – Леганес 1 & Т1 3+ (2.05)

Ница – Лион Х2 & ГГ (2.40)

Мирандес – Севилја 2 & 2-4 (2.25)

- Оглас -

Најнови вести