Хамес Родригес преку социјалните мрежи го најави својот иден клуб?

На колумбискиот фудбалер Хамес Родригес летово би можела да му се исполни желбата да стане играч на Атлетико Мадрид.

Јорганџиите одамна се заинтересирани за Хамес, но Реал Мадрид не сакаше да го продаде во градскиот ривал и го позајмуваше во Баерн Минхен и Евертон. Сега ситуацијата е сменета, Родригес има договор со Евертон, но по заминувањето на Карло Анчелоти и доаѓањето на Рафа Бенитес, Хамес не е во преден план кај Карамелите и најавува можен трансфер во шпанскиот првак.

Хамес на „Твитер“ објави фотографија покрај која напиша „Никогаш не престанувај да веруваш. Наскоро“.

Ова е еден од слоганите на навивачите на Атлетико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести