Македонија го доби првиот сигурен учесник на ЛОИ: Дарио оди на Олимпијадата во Париз!

Атлетичарот Дарио Ивановски е првиот сигурен учесник во македонската делегација на Летните олимписки игри во Париз. Ова стана јасно откако светската атлетска организација, ИААФ, ја објави ранг-листата со бодување за маратонот, каде нашиот Ивановски е на 78-мата позиција, а на Олимпијадата ќе учествуваат најдобрите 81 маратонец од светот.

Ваквиот успех на Дарио Ивановски е еднаков на исполнета норма и тоа во најтешката атлетска дисциплина. Ваквата убава вест за Македонија на социјалните мрежи ја сподели тренерот на Дарио, Игор Јакимовски.

„На овој историски ден за нашата Македонија, читаме уште нови прекрасни вести.
Денес WORLD ATHLETICS ги ажурираше листите за ROAD TO PARIS 2024 во дисциплината маратон.
А таа вели…
Моментално од 81 квалификувани атлетичари за ЛОИ 2024 во дисциплината маратон(70 со норма и 11 со ранкинг) на 78то место е Дарио Ивановски, Македонијаааааааа 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Според мене ова е веќе готова работа, а нашиот олимписки сон РЕАЛНОСТ 🙏
Нека трепка од денессссс 🔥🔥🔥“ – напиша Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести