Хамилтон се жали: Веќе го немаме најбрзиот болид

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон најавува дека трката за титулата во новата сезона ќе биде многу понеизвесна. Британскиот возач доминираше во последните неколку сезони и без многу проблеми стигнуваше до тронот, но сега веројатно нема да биде така.

„Моментално немаме најбрз болид и пред нас се неколку тешки прашања. Како ќе продолжиме да работиме за да стигнеме таку каде што сакаме да бидеме? Мене искрено тоа ме радува, тоа ќе биде голем предизвик, да ги видиме ривалите блиску до нас. Мислам дека ова ќе биде одлична сезона за навивачите“, рече Хамилтон.

Според резултатите, Хамилтон е најдобриот возач на сите времиња, затоа што тој е израмнет по бројот на титули со легендарниот Михаел Шумахер, но е рекордер по бројот на победи (95), бројот на освоени пол-позиции (98) и бројот на искачувања на подиумот (165).

- Оглас -

Најнови вести