Хамилтон сезонава ќе добива 2,8 милиони долари по трка во Ф1

Новата сезона во шампионатот на Ф1 е подготвена да започне. Следниов викенд во Мелбурн, Австралија, традиционално ќе се вози првата трка во сезоната. Луис Хамилтон е актуелен шампион и секако повторно еден од главните фаворити заедно со Себастијан Фетел.

Како за „загревање“ на новиот шампионат, беа откриени сумите кои возачите ќе ги заработат во 2019 година само од договорите со екипите. Хамилтон е најскапоплатен возач и ќе заработи 57 милиони долари од Мерцедес, со кого има договор до 2021 година. Тоа значи дека само за една трка, Британецот ќе добива по 2,86 милиони долари.

Веднаш зад Хамилтон е Себастијан Фетел. Германецот во Ферари ќе заработи 45 милиони долари. Неговиот договор со Ферари истекува следната сезона. Сите останати возачи во шампионатот на Ф1 се далеку зад Хамилтон и Фетел по заработката.

Трет на листата е новиот возач на Рено, Даниел Рикијардо со 17 милиони долари, а потоа следува неговиот неодамнешен колега Марк Ферстапен со 13,5 милиони евра. Валтери Ботас има едногодишен договор со Мерцедес вреден 8,5 милиони евра. Најголем пад во платата има кај Кими Раиконен. Финецот добиваше 30 милиони евра во Ферари, а сега ќе заработува 4,5 милиони евра во Заубер Алфа Ромео.

- Оглас -

Најнови вести