Ханси Флик се враќа дома: „Неуспесите се дел од фудбалот, знам дека имаме огромен квалитет“

Барселона е во лоша форма во шпанската Ла Лига и на последните пет средби освои само пет бода, но затоа во Лигата на шампионите игра одлично, со исклучок на поразот од Монако на стартот од сезоната.

Тренерот на Каталонците, Ханси Флик, се враќа во татковината бидејќи Барселона ѝ гостува на Борусија Дортмунд, а тренерот во минатото ги предводеше Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија.

„Апсолутно сум убеден дека мојата екипа има неверојатен квалитет. Неуспесите се дел од фудбалот, а младите фудбалери ќе созреат само благодарение на некои лоши резултати. Знам дека имаме голем квалитет, секако, ако го покажеме нашиот потенцијал. Кој и да ги освои трите бода, ќе биде во одлична позиција, а тоа е местото каде што сакаме да бидеме ние“, рече Флик пред гостувањето кај Борусија.

- Оглас -

Најнови вести