Хаос на јужноамериканското дерби: Тепачка на трибините, Аргентинците одбија да играат, но на крајот победија (Видео)

Стартот на најголемото фудбалско репрезентативно дерби, тоа меѓу Бразил и Аргентина, беше одложено за половина час поради тепачката и инцидентите кои настанаа на трибините на „Маракана“ и поради Гаучосите.

Дуелот помеѓу Бразил и Аргентина во Рио беше одложен за половина час поради тепачка која изби на трибините.

Сè уште не е јасно кој го предизвика инцидентот, но навивачите ги корнеа седиштата и се гаѓаа едни со други. Дел од репрезентативците се обидоа да ја смират публиката, но мораше да интервенира полицијата, која почна да ги тепа гостинските фанови.

 

Во еден момент, голманот Емилијано Мартинес се обиде да ги заштити навивачите и да одземе пендрек од полициец, а по мечот Лионел Меси изјави дека овие сцени се реприза од финалето на Копа Либертадорес, кога полицијата ги тепаше навивачите на Бока јуниорс.

Потоа Аргентинците се повлекоа во соблекувалната и одбија да се вратат на теренот сè додека ситуацијата на трибините не се смири. Откако по половина час задоцнување започна натпреварот, на теренот исто така беше тензично, Меси, кој беше исвиркуван од публиката, влезе во дуел со Родриго, а Жоелинтон заработи црвен картон поради туркањето на Родриго де Пол.

На крајот славеше Аргентина со 0:1, и тоа со голот на Николас Отаменди во 63-тата минута.

Ова е прв пораз на Бразил на домашен терен во кваликафикациите за пласман на Светско првенство.

Уругвај со 3:0 ја совлада Боливија и сигурно чекори кон пласман на СП 2026, Еквадор благодарение на голот на Мена го победи Чиле, а минимален триумф оствари и Колумбија на гостувањето кај Парагвај. Перу и Венецуела одиграа 1:1.

- Оглас -

Најнови вести