Хаос во Мајами: Пике за првпат ги посети Шакира и децата во САД и полицијата мораше да интервенира за да спречи тепачка

Сагата околу Жарарт Пике и Шакира не заврши со нивната разделба и преселбата на пејачката и нивните два сина во Мајами, туку продолжи во САД, каде што дури и полицијата морала да интервенира.

Минатиот викенд Пике за првпат ги посетил децата во САД и притоа се степал со братот на Шакира, Тонино, откако претходно избила расправија меѓу поранешниот фудбалер и пејачката.

„Шакира имала жестока расправија со поранешниот и тоа прераснало во физичка пресметка кога се појавил нејзиниот брат Тонино, кој веднаш му удрил тупаница на Пике. Тонино го сторил тоа со цел да ја заштити сестра си. За да се смири ситуацијата, морала да реагира полицијата. Но, никој не поднел пријава“, открива новинарката на Телемундо, Вероника Басто.

- Оглас -

Најнови вести