На Реал Мадрид вечерва ќе му треба „магијата на Пандев“ (Видео)

Баерн Минхен само еднаш бил елиминиран во Лигата на шампионите откако победил на гости во првиот меч, тоа се случи во 2011 година против тогаш актуелниот првак Интер, кога решавачкиот гол во Минхен го постигна нашиот Горан Пандев во 88-мата минута.

Баварците славеа со 2-1 во Милано, а водеа со 2-1 и на реваншот на „Алијанц арена“, но на крајот Интер победи со 3-2 и отиде понатаму (тогаш уште важеше правилото за повеќе голови на гости), а победничкиот гол кој ги шокира Германците беше на Пандев. Само тогаш и никогаш повеќе Баерн не бил елиминиран кога играл реванш дома по победа на гости.

Токму затоа на Реал Мадрид тој гол на Пандев и таа победа на Интер му се инспирација и мотивација дека може да изненади вечерва во Минхен.

Баерн пред осум дена победи во Мадрид со 2-1, но во Реал се надеваат дека може да испишат историја. Кралскиот клуб само еднаш (пред 55 години) одел понатаму по пораз дома на првиот меч во нокаут-фазата во елитното европско натпреварување. Ќе им треба херојско дело како тоа на Пандев пред 15 години.

- Оглас -

Најнови вести