Хаос во НЦАА: Не се знаеше кој кого тепа (Видео)

Локалните ривалства секогаш привлекуваат посебно внимание. Така беше и на дуелот меѓу универзитетите Канзас стејт и Канзас во НЦАА лигата. Од резултатски аспект, дербито немаше неизвесност затоа што Канзас победи убедливо со 81:59.

Сепак, на крајот се случи вистинска драма. Се играа последните секунди од средбата, кога Дажуан Гордон се обиде да ја положи топката во кошот, а Силвио де Соуса успеа да го блокира. Освен што го блокираше, Де Соуса го исфрли Гордон и надвор од теренот, а потоа започна и да го провоцира. Тоа беше доволно за да започне мешаница и тепачка во која се вклучија поголем дел од играчите.

 

- Оглас -

Најнови вести