Хаосот во Англија продолжува: Одложено уште едно супердерби!

Смртта на Кралицата Елизабета Втора направи хаос во натпреварите што периодов требаше да се играат во Англија. Цело коло беше одложено за викендот што измина, а дополнително беа одложени и неколку други средби кои требаше да се играат викендов кој доаѓа (одложени се дуелите Брајтон – Кристал палас, Манчестер јунајтед – Лидс и Челзи – Ливерпул), но тука не е крајот.

Денеска од Арсенал стигна потврда дека е одложен нивниот меч против Манчестер сити кој требаше да се игра на 19 септември, но Топчиите соопштија дека е невозможно да се игра во тој термин.

Премиер лигата мораше да ѝ излезе во пресрет на УЕФА, која побара мечот меѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен во Лигата на Европа кој требаше да се игра на 15 септември, но е одложен, сега е презакажан за 20 септември.

Во УЕФА натпреварувањата нема многу простор за одложувања затоа што групната фаза од ЛЕ мора да биде комплетирана до 3 ноември, што значи дека едноставно нема друг термин кога може да се игра овој меѓународен натпревар.

Дополнително ќе се одреди датумот за одигрување на дуелот меѓу Арсенал и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести