Хаотична трка во Австрија, Хамилтон заврши втор, но не освои место на пиедесталот

Валтери Ботас е победник на првата трка во скратената сезона од Формула 1 шампионатот. Неверојано интересна беше трката во која токму победникот беше најконстатен и заслужено е на тронот. Ботас уште вчера беше најбрз на трката за пол позиција, а и денеска извозе одлично и стигна до осмата победа во кариерата во Ф1.

Драма беше за второто и третото место. Луис Хамилтон заврши како второпласиран на стартно-целната рамнина, но за актуелниот првак немаше место на пиедесталот. Хамилтон во текот на трката доби казна од 5 секунди поради еден инцидент со Алборг, па на крајот токму тие пет секунди го чинеа пад за две места во конечниот поредок.

На крајот Леклер се радуваше на второто место, а како трет заврши Ландо Норис. Норис како петтопласиран ја помина целната линија, но поради казните на Хамилтон, но ни на Перез, успеа да стигне до третото место на првата трка во шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести