Хаотично е во Англија: Експлозија покрај стадионот го одложи дуелот во Саутхемптон (Видео)

Хаотично е во Саутхемптон, каде што вечерва требаше да се игра дуелот од Чемпионшип. Средбата меѓу Саутхемптон и Престон е одложена откако попладнево се случи хаос непосредно до стадионот „Сент Мери“.

На теренот се екипи на полицијата, пожарникари и Брзата помош откако прво се слушната експлозија, а потоа следувало и голем пожар во еден објект, кој наводно е во сопственост на клубот Саутхемптон, но моментално не е во употреба.

Од силината на огнот се срушил кровот на објектот, кој е во непосредна близина на јужната трибина на стадионот „Сент Мери“.

- Оглас -

Најнови вести