Харден не знае за доста, Дончиќ не се плаши од планински волци (видео)

Хјустон рокитс лесно го совлада тимот на Кливленд кавалирс со 141:113 за вкупно 24-та победа сезонава. Како по обичај, Џејмс Харден ги предводеше „ракетите“, ноќеска го оствари шестиот трипл-дабл оваа сезона, а стана првиот играч во историјата кој успеал да забележи троен учинок за три четвртини и при тоа постигнал најмалку 40 поени.

„Брадата“ ја заврши средбата со 43 поени, 12 асистенции и 10 скока, додека реализираше осум тројки од 16 обиди. Разликата во поени е огромна во однос на вториот најефикасен играч на средбата, Клинт Капела забележа 19 поени, додека кај Кливленд најрасположен беше Анте Жижиќ со 18 поени.

 

Нова извонсредна партија на Лука Дончиќ, Словенецот ги постигна одлучувачките поени за Далас во победата над Минесота тимбервулвс со 119:115. Во последната минута Дончиќ со забивање донесе минимална предност за Далас, а потоа во следниот напад погоди тројка за 117:115 на 22 секунди до крајот, поени кои се покажаа како клучни за 20-тата победа на франшизата од Тексас.

Дончиќ мечот го заврши со двоен учинок од 29 поени и 12 асистенции, Барнс исто така придонесе за триумфот со 23 поени, додека од редовите на Минесота најефикасен беше Карл Ентони Таунс со 30 поени и 11 скока.

https://www.youtube.com/watch?v=dyrTmeohJo4

 

Шампионот Голден стејт вориос немаше проблеми против Чикаго булс совладувајќи ги со 146:109. Кари и Томпсон потсетија зошто ги викаат „Сплеш браќа“, комбинираа 12 тројки и беа најзаслужни за третата последователна победа на „воините“.

Томпсон реализираше 30 поени, Кари постигна два помалку, додека Дурант постигна за него скромни 22 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=aSDbtBcOYRY

 

Резултати НБА:

Хјустон рокитс – Кливленд кавалирс 141:113

Минесота тимбервулвс – Далас маверикс 115:119

Голден стејт вориорс – Чикаго булс 146:109

Филаделфија севентисиксерс – Атланта хокс 121:123

Вашингтон визардс – Милвоки бакс 113:106

Њујорк никс – Индијана пејсерс 106:121

Торонто репторс – Бруклин нетс 122:105

Портланд трејлблејзерс – Шарлот хорнетс 127:96

Јута џез – ЛА лејкерс 113:95

 

- Оглас -

Најнови вести