Хари Кејн со хет-трикот го урна бундеслигашкиот рекорд на Ерлинг Халанд

Хари Кејн со хет-трик му донесе на Баерн Минхен убедлива победа од 3-0 против Аугсбург. Англичанецот двапати погоди од пенал, во 63-тата и 93-тата минута, а во 95-тата минута погоди и третпат. За него ова беа 48-миот, 49-тиот и 50-тиот гол во Бундес лигата, со што го сруши рекордот на Ерлинг Халанд од времето кога играше за Борусија Дортмунд.

На англискиот интернационалец за да дојде до 50 бундеслигашки гола му беа потребни 43 натпревари, а на Халанд за истиот ефект му беа потребни 50 натпревари. Со тоа Кејн дојде до бројката од 64 гола на 62 меча во сите натпреварувања за „баварците“.

Кејн е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација со 69 гола и во историјата на Тотенхем со 280 гола, но и втор на вечната листа во Премиер лигата со 213 гола во 320 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести