Хари Мегваер доби предупредување дека против Македонија може за последен пат да биде во националниот тим

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт, вчера го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат повикани за претстојните дуели против Малта и Македонија во квалификациите за Европското првенство 2024 година. Меѓу повиканите е и капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, кој имаше очајна сезона и често беше резерва. Саутгејт му дава шанса на дефанзивецот, но му порача дека тоа може да се смени доколку не се подобри формата на играчот.

„Овие ситуации не може засекогаш да продолжат. Ист случај со Мегваер е и тој на Калвин Филипс. Тие се важни фудбалери за нас, но како што поминува времето, ситуацијата станува сè позагрижувачка. Тука се играчи како Данк, Мингс, кои од меч во меч се докажуваат“, вели Саутгејт.

Мегваер сезонава беше стартер само на седум меча во Премиер лигата, додека Филипс одигра само еден натпревар за Манчестер сити како стартер.

Англија одигра два меча во квалификациите за ЕП 2024 година и ги победи Украина дома со 2:0 и Италија на гости со 2:1. Македонија на стартот од квалификациите со 2:1 ја победив Малта.

Комплетниот список на фудбалери кои ги повика Саутгејт може да го видите ТУКА.  

- Оглас -

Најнови вести