Хари Мегваер повторно „виновник“: Воопшто не ја допре топката, но поради него е поништен голот (Видео)

Фулам и Манчестер јунајтед играат без голови по 30 минути на „Кревин Котиџ“ во Лондон, иако мрежата на домашниот тим еднаш веќе се затресе. Манчестер јунајтед даде гол во 9 минута преку Скот Мектоминеј, но радоста на гостите ја скратија судиите од ВАР собата.

Беше сигнализирано дека постои сомнеж за офсајд, а повторената снимка покажа една помалку необична ситуација. Гарначо кој играше со топката и асистираше кон Мектоминеј не беше во офсајд, а во добра ситуација беше и стрелецот на голот.

Сепак, погодокот не беше признат поради ситуацијата во која се најде Хари Мегваер. Дефанзивецот на Црвените ѓаволи беше во минимален офсајд, а иако не играше со топката, беше досудена недозволена ситуација затоа што Мекгваер ја подаде ногата во обид да стигне до топката и на тој начин влијаел на акцијата, па арбитарот го поништи тој погодок.

- Оглас -

Најнови вести