Хендерсон и Кејн ги казнија промашувањата на Сенегалците

Репрезентацијата на Англија води со 2:0 против Сенегал по првото полувреме од осминафиналната пресметка на Светското првенство во Катар.
Првиот гол го постигна Џордан Хендерсон во 38-мата минута на Џад Белингам.

Капитенот на Гордиот Албион, Хари Кејн, со голот во третата минута од судиското продолжение од првиот дел зголеми на 2:0 и ја приближи Англија до четвртфиналето.

Во првото полувреме што се игра на стадионот „Ал Бајт“, подобри беа фудбалерите на Сенегал, кои имаа неколку одлични шанси, но не успеаја да го совладааа Џордан Пикфорд.

Во отсуство на повредениот Садио Мане, најголемата шанса за Сенегал ја имаше првиот напаѓач Булаје Дија во 32-рата минута, кога од десетина метри откосо шутираше, но Пикфорд успеа да го одбрани неговиот шут.

 

- Оглас -

Најнови вести