Хендерсон и Салах станаа родители девет месеци по победата над Барселона

Еден интересен податок објавија англиските медиуми, а тоа е дека сопругите на фудбалерите на Ливерпул, Џордан Хендерсон и Мохамед Салах, се породија денеска, на точно девет месеци и еден ден по феноменалната победа на Црвените од 4-0 против Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Ако се знае дека за носење на дете се потребни девет месеци, јасно е дека фудбалерите победата ја прославувале и дома со водење љубов со своите жени.

Салах поради повреда не играше на 7 мај 2019 против Барса, но се радуваше на пласманот во финалето, додека Хендерсон беше на терен и потроши доста сила, но зачувал нешто и за по дома. Хендерсон кој веќе имаше две ќерки, сега стана татко и на машко дете, а Салах доби ќерка, негова втора.

- Оглас -

Најнови вести