23.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Херојот на Арсенал раскажа што се случувало пред да ги шутне двата слободни удари по кои го фрли Кралскиот клуб на колена

Деклан Рајс се промовира во херој на Арсенал во дуелот против Реал Мадрид откако успеа да постигне два гола од слободен удар. До синоќешниот меч, Рајс никогаш немаше погодено директно од слободен удар, а против Кралскиот клуб упати два кралски удари кои завршија во мрежата на Тибо Куртоа.

По мечот, Рајс не можеше да објасни како се чувствува, но раскажа што се случувало пред да ги изведе двата шута од слободен удар.

„Останав без зборови. Не знам дали ќе дадам уште еден таков гол, иако ударите ги упатив со голема самодоверба. Пред првиот шут, Мартин (Одегард) предложи да нафрлам, но му реков дека нема смисла, иако и тренерот ми го кажа тоа. Но, Букајо ми рече: Ако веруваш, обиди се. Гледав во ѕидот и мислев дека може да ја свртам топката да заврши во гол“, објасни Рајс.

„Во втората ситуација, растојанието беше навистина големо, но решив да се обидам повторно, особено затоа што претходно имав гол. Немав што да загубам. Мислам дека сè уште не сфаќам што направив“, додаде двократниот стрелец за Арсенал.

Арсенал има убедлива предност од 3:0, но Реал Мадрид е клуб кој никогаш не се предава и Рајс знае дека на „Сантијаго Бернабеу“ ги очекува тежок меч.

„Во реваншот нема да се браниме. Ќе напаѓаме затоа што сакаме да стигнеме до полуфиналето и да го освоиме турнирот. Сепак, имаме уште еден меч и дури потоа ќе размислуваме за иднината“, додаде Рајс.

- Оглас -

Најнови вести