Херта го бара Кариус затоа што голманот што го има е поголем киксер (видео)

Лајпциг со играч помалку освои само бод против Херта при конечни 2-2, иако домаќините добија подарок од противничкиот голман со кој можеа да стигнат до трите бода. Руне Јарстејн неславно го заврши мечот така што ударот на Шик во 68-мата минута му избега од рацете, па топката заврши во неговата мрежа за среќа на Лајпциг.

Киксот на Јарстејн е доволно добра причина за Херта да тргне во ангажман на нов чувар на мрежата, а засега прв избор им е Лорис Кариус, германскиот голман на Ливерпул кој се прослави со киксовите против Реал Мадрид во финалето од ЛШ пред две години.

Инаку гостите од Берлин претходно поведоа преку Грујиќ на стартот од првиот дел, а Клостерман ја врати неизвесноста во 24-тата минута. Црвените бикови половина час играа со играч помалку по исклучувањето на Халстенберг во 63-тата минута, а по голот на Шик одговори Пјонтек од белата точка во 82-рата минута.

Лајпциг останува на третото место на табелата по 28-мото коло со 55 бода, два помалку од второпласираниот Дортмунд, додека Херта стои на средина на табелата со 35 бода.

- Оглас -

Најнови вести