Корнерите гарантираат голови – Лајпциг и Херта користат исто „оружје“ (видео)

Лајпциг и Херта ја отворија денешната програма од 28-мото коло во Бундеслигата со два погодоци во првиот дел, а двете екипи погодија на ист начин. Гостите од Берлин изненадија во деветтата минута преку Грујиќ, кој одлично го проследи изведениот корнер од Платенхарт, па сигурно ја затресе мрежата на Биковите.

Избраниците на Нагелсман се вратија во игра во 24-тата минута, погоди Клостерман со глава, исто така од прекин, поточно при изведување на корнер. Засега двете екипи ги искористија најдобрите прилики за гол, а во ова коло уште се чека „кец“ откако вчерашните четири дуели завршија со две победи на гостинските екипи и две ремија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести