Е ова е ризик јак – Херта го бара најголемиот киксер на сите времиња (Видео)

Херта сака да ризикува и ќе се обиде да го ангажира голманот што според многумина фудбалски експерти е најголемиот киксер на сите времиња. Не е тешко да се погоди, станува збор за Лорис Кариус.

Германскиот чувар на мрежата има понуда од Херта, а Ливерпул веројатно нема воопшто да размислува и ќе го продаде голманот што не се прослави ниту кај нив, ниту потоа на позајмицата во Бешикташ.

Кариус, кој има 26 години и буквално му ја украде титулата европски шампион на Ливерпул во 2018 година кога направи две огромни грешки, па Реал Мадрид се закити со круната во Киев.

https://www.youtube.com/watch?v=kWlFOBApbeo

Потоа продолжи во ист стил и во Бешикташ, а киксовите што ги прави понекогаш се граничат со чудо.

Кариус најави блескава кариера во Мајнц, а беше прогласен за втор најдобар голман во Бундеслигата во сезоната 2015/16, зад Мануел Нојер, но потоа кариерата му тргна во надолна линија. Се пресели во Ливерпул, па оттаму беше позајмен во Бешикташ, а сега Херта ќе се обиде да ризикува и да се надева дека ќе го има на голот Лорис Кариус од почетокот на неговата кариера, кога бранеше одлично во германското првенство.

- Оглас -

Најнови вести